Наскоро нов лик на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска).

На овој потег, ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот на должина од околу 1.000 метри, обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.