Наскоро МВР ќе ги регулира електричните тротинети

За кратко време многумина ги заменија автомбилите со нив. Патуваат до работа, до училиште, низ град. Електричните тротинети се добра замена и за велосипедите, но и покрај растот на нивната популарност светот почна да им „објавува војна“.

Париз неодамна реши да го ограничи бројот на електрични тротинети, а Белгија и Германија воведуваат строги правила за нив поради поради попречување на пешаците.

Тренд се и кај нас, но исто како и во многу други земји ова превозно средство не е регулирано со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Фактор ги праша надлежните од МВР што планираат во однос на безбедноста политика кај електричните тротинети, а од таму велат дека се работи на законски измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Со оглед дека појавата, односно учеството на електричните тротинети во сообраќајот стана зачестена појава по сообраќајниците, а имајќи предвид дека овој вид на превозно средство не е регулирано во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ бр.169/2015, бр.226/2015, бр.55/2016, бр.11/2018 и бр.83/2018), Министерството за внатрешни работи подготвува законски измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а се со една цел - нормативно регулирање и воспоставување на стандарди за безбедност и за овој вид учесници во сообраќајот“, посочуваат од МВР. 

Работна група ќе треба да најде соодветно решение за ова ново превозно средство како да се регулира.

Формирана е работна група, која меѓу другите измени на законот кои се планираат, треба да изнајде соодветно решение и за ова ново превозно средство кое е се попопуларно и кај нас. 

„И во други земји во Европа се бара начин како најсоодветно да се регулира ова превозно средство, па нашата работна група користејќи ги искуствата и мислењата на експертите ќе предложи соодветно решение“, додаваат кратко од МВР.

Поради големиот број несреќи кои ги предизвикале корисниците на овој вид превозно средство и гужва и загрозување на безбедноста која ја создаваат на тротоарите, европските градови одлучиле драстично да ги заострат прописите.

Забележани се и несреќи со овие возила. Прва со смртен епилог се случила во мај во Брисел, а во јуни и едно 25 годишно момче го изгубило животот во судир со камион. Фатална средба со камион имала и една популарна млада ТВ водителка. Испаднало дека таа воопшто не ги знаела сообраќајните правила.

После низата несреќи во кои учествувале тротинети ширум Европа, а во шведскиот град Хелсингборг истото попладне после загинувањето на еден корисник на тротинет, деловен човек на пауза за ручек, избиле демонстрации со барање сите тротинети секаде да се забранат.

извор-фактор.мк