
Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници.
- Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме една група на градоначалници, кандидати за градоначалници за околу триесетина општини, а до крајот на месец јуни ќе се објават скоро сите кандидати за градоначалници, истакна Филипче.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ веќе соопшти дел од кандидатите за претстојните локални избори.
Меѓу имињата се и бројни веќе актуелни градоначалници кои ќе бараат доверба за уште еден мандат од граѓаните, во своите општини.
Митко Јанчев ќе се бори за уште еден мандат за Кавадарци, Иван Јорданов за Штип, Кирил Пецаков за Охрид, Марко Колев за Велес.
Од скопските градоначалници актуелниот прв човек на Бутел Дарко Костовски, градоначалникот на Ѓорче Петров - Александар Стојкоски, градоначалникот на Илинден - Александар Ѓоргиевски и в.д.градоначалникот на Аеродром Дејан Митески повторно ќе бидат кандидати на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори 2025 година.
За „татко на градот“ во Чучер Сандево ќе се бори Зоран Бајовски, Зелениково – Коста Маневски, додека за Петровец – Борче Митевски.
Останатите кандидати за градоначалници на партијата на Мицкоски може да ги погледнете на следниов ЛИНК.