Наскоро ќе почне да се дава трета доза вакцина и во Македонија

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро, пишува Алсат.

Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза.

Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.