Насилство во Велес: Татко физички ја нападнал својата ќерка

Полицијата информираше дека 33-годишна велешанка вчера пријавила во полиција дека била нападната од нејзиниот татко, пишува велешкиот портал Батали.

„На 19.01.2022 год. во СВР Велес било пријавено дека околу 18.30 часот во Велес 33-годишна велешанка била физички нападната од нејзиниот татко Д.Р.(61)“. соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Полицијата работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.