Насилство во Велес, силувана малолетна девојка која се водела како исчезнато лице

Во велешката полиција девојка пријавила дека била нападната и силувана во населбата Дворови. Таа била во друштво на лица кои ги познавала. Претходно, истото 15-годишно девојче било пријавено во полиција, дека се оддалечило од домот за деца без родители, каде била штитеничка. 

Не е познато како заминала во Велес. Сепак, одлучила настанот да го пријави во велешката полиција следниот ден.

Веќе се повикани две лица на разговор, наведува Телма

Девојчето претходно било пријавено дека е исчезнато во полициската станица Центар во Скопје.