Во СВР Скопје било пријавено дека од паркот „Жена борец“ во Скопје од Споменик на култура на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со употреба на физичка сила била одземена спомен плоча.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, рекоа од полицијата.
Споменикот е посветен на егзодусот на над 20.000 деца - жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.