Насилници нападнале 21-годишник во угостителски објект

Четири лица добија кривични пријави затоа што нападнале 21-годишник во угостителски објект.

- СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.К.(29), Д.Д.(30), И.Д.(28), Д.Ц.(30) и Р.М.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.

На 23.10.2022 во угостителскиот објект во скопско, пријавените физички го нападнале М.Н.(21) и му нанеле повреди на телото.