На 09.09.2018 година во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 03.00 часот во млечен ресторан на булевар „Јане Сандански“ тој и неговата девојка В.А.(21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица. По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот.
Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј.(49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.