Насилната дадилка во притвор, тепала двегодишно дете

Дадилката која вчера во игротека во кафе барот „Дежа ву“ во Аеродром беше снимена од безбедносните камери како тепа и малтретира дете е приведена, а надлежен јавен обвинител и одредил 30 дневен притвор, јави ТВ 21.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две други деца.

Случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката „Дежа ву“, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.