Насилна кражба во скопска аптека, сопственикот починал

Насилна кражба од аптека се случила вчеравечер во скопски Чаир. 

Како што пренесе ТВ21, според информациите кои ги добиле од МВР, вчера во 20.40 час. пријавено било дека во аптека на ул.Џон Кенеди едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

„Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А. С. (40), на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен комплекс Мајка Тереза –Кардиологија, каде од страна на лекар е констатирана смрт“, велат од МВР за ТВ21