
Вчера скопјанка пријавила дека била нападната во сопствениот стан во општина Аеродром, откако затекнала непознато лице внатре. Од станот биле одземени пари.
„На 13.10.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје, Л.П.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, кога се вратила во нејзиниот стан забележала дека вратата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе затоа што била блокирана со столица. Откако успеала да ја тргне столицата, влегла внатре и забележала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало. После тоа, таа забележала дека од станот биле одземени пари“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.