„Нашите деца ќе добијат место за радост и игра“ - Скопје за година и пол добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера ја одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници, најавувајќи редовна меѓуопштинска координација (еднаш на 40 дена).

Тој изјави дека и покрај наследената лоша финансиска состојба и нефункционалноста на јавните претпријатија, состојбите се стабилизираат.

Следната недела ќе биде распишана тендерска постапка, а Скопје ќе има функционален Луна парк до јуни 2027 година.

- Еден проект што ми е посебно драг е Луна Паркот. Почнуваме постапка и конечно, после децении, нашите деца ќе добијат место за радост и игра. Нешто што ние и нашите генерации долго го очекувавме, порача градоначалникот на Скопје. 

Процесот за воведување на БРТ системот е одблокиран по средбите со Владата и премиерот Мицкоски. Се очекува постапката за реализација да започне следната година. По интензивни средби во Брисел, не постои повеќе опасност Скопје да го изгуби овој статус.