Нашиот млад тенисер Амар Хусеиновиќ победник на турнирот во Улцињ

Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ, кој беше и учесник на Macedonian Open пред одржувањето на турнирот во Скопје триумфираше на турнир во Ј60 Улцињ во младинска конкуренција во Црна Гора.

Хусеиновиќ го освои пехарот на Montenegro Open и со тоа ја оправда улогата прв носител што ја имаше на турнирот.

Во финалниот меч Хусеиновиќ го победи вториот носител Берсел Шандор Такач од Унгарија со 2:0 во сетови.

Единствениот меч што македонскиот тенисер го доби со 2:1 во сетови (6:2, 1:6, 6:4) беше полуфиналето против Хрвоје Јутреша од Хрватска.

Во првите три кола нашиот натпреварувач оствари победи против Михајло Илиќ (Канада) со 6:3 и 7:6 (5), Лука Петрович од Словенија двапати со 6:3 и Александер Браун (САД) убедливо со 6:0 и 6:1.