Нашиот луна-парк, кој веќе го нема

Некогаш луна-паркот во Скопје беше атракција на која не можеа да останат рамнодушни ниту скопјани, ниту посетителите од другите градови. 

Беше тоа едно шарено и забавно катче, можеби не најсовремено и најубаво на светот, но сепак премногу значајно за сите посетители на паркот. 

А денес?

Денес слушаме само за планови за негова обнова, а убавите времиња во кои беше целосно функционален речиси и се заборавени. Единствено, преку старите видеа можеме за момент да се потсетиме на таа безгрижност и прекрасно време поминато таму.