Нашето тело ни испраќа знаци, но дали ги забележуваме?

Голем дел од луѓето одат на лекар само кога ќе забележат сериозни симптоми, но нашето тело постојано ни испраќа знаци кои треба да ги следиме.

Тоа знае што му е потребно за да бидеме среќни и здрави. Проблемот е што често се трудиме да следиме некакви диети кои ни се наметнати од инфлуенсерите, некои познати нутриционисти или пак доктори. Голем дел од нив се навистина експерти во својата област, но секое тело е различно. 

За да се сметаме себеси за здрави треба да имаме баланс меѓу физичкото, менталното и духовното здравје. 

Затоа и голем дел од режимите за исхрана не успеваат за многу луѓе и имаат само спротивен ефект бидејќи не се персонализирани, туку направени за пошироката популација.

Ние не можеме да бидеме експерти за тоа како да излечиме одредени болести или состојби, но треба да забележиме кога нешто се случува во нашето тело.

Кога имаме главоболка, често посегнуваме по апче кое има за цел да ја смири главоболката, но ретко кога се прашуваме во што е проблемот: дали се соочуваме со стрес, дали пиеме малку вода, дали можеби не сме земале доволно хранливи материи во текот на денот?

Исто така, луѓето кои хрчат иако можеби се здодевни за нивните партнери, сепак тие најверојатно се соочуваат со здравствени проблеми поврзани со прекумерна тежина, срцеви заболувања и други состојби кои можеби се посериозни од тоа што мислиме.

Постојаниот замор не значи само дека сме изложени на стрес во текот на денот, туку тој може да укажува и на дехидратација, ниски нивоа на железо или пак премногу шеќер во исхраната. 

Честите исфрлања на кожата и акните не се резултат само на несоодветна грижа за кожата, туку тие може да укажуваат на состојби каде е неопходно да направиме одредени промени поврзани со нашето здравје. Тие може да се резултат на проблеми во хормоналниот баланс, дигестивни проблеми, па и бактерии во нашето телото за кои можеби не сме свесни.

Чудната боја на ноктите укажува на лоша циркулација или пак недостаток на одредени витамини и минерали во нашето тело. Ако се соочувате со ваква појава, особено нешто што трае подолго време, погледнете подобро и следете ја состојбата, а потоа посетете доктор.

Иако честите гасови и варењето се резултат на храната која ја конзумираме во текот на денот, тие може да укажуваат на сериозни проблеми со желудникот и стомакот или пак интолеранција на одредени видови храна или додатоци во исхраната.