Нашата вредност...

Еден познат говорник го почнал својот семинар такашто земал банкнота од 20 долари и ја покажал пред сите. Во соба од 200 луѓе, поставил прашање: „Кој ги сака овие 20 долари?“
Рацете почнале да се креваат. 

Потоа рекол: „Ќе му ја дадам оваа банкнота некому, но дозволете прво да направам нешто“ и ја згужвал бакнкнотата. Потоа прашал: „Кој и натаму ги сака овие пари?“ Луѓето биле збунети, но повторно ги кренале рацете. Потоа продолжил: „А што ако го направам ова?“ И ја фрлила парата на под и почнал да ја гази и повторно ја кренал. Сега, освен згужвана, била и валкана. Пак прашал: „Ја сака ли некој оваа пара?“ Повторно се кренале рацете во воздух.

Потоа рекол:

„Пријатели мои, сите сега научивте една многу вредна лекција. И без оглед на тоа што правев со парите, вие и натаму ги сакавте, затоа што тоа во вашите очи не ја намали нивната вредност. Сѐ уште вредеа 20 долари. Многу пати во нашиот живот, нѐ газат, гужваат, паѓаме на земја поради одлуките кои ги носиме и околностите во кои се наоѓаме и кои наидуваат на нашите животни патишта. Се чувствуваме како да сме безвредни. Но, без оглед на тоа што се случило или што ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите својата вредност. Вие сте посебни и тоа немојте никогаш да го заборавите.“