Нашата љубов дојде кога престанавме да ја бараме

Не сум првата личност која си ја сакал.
Не си првиот човек со кого ја замислував вечноста.
И двајцата сме доживеале загуби, кои нè боделе како остри ножеви.

Нашата љубов дојде ненајавена среде ноќ.
Нашата љубов дојде кога престанавме да ја бараме. 

Мислам дека ова е дело од неговото чудо. Вака оздравуваме. 

Ќе те бакнам како прошка.
Ќе ме држиш како да сум надеж.
Ќе напишам сонети на својата кожа.
Ќе напишам речник составен од сите зборови кои сум ги користела во обид да опишам какво беше чувството кога конечно, конечно те пронајдов. И нема да се плашам од твоите рани.

Знам дека понекогаш сè уште ми е тешко да те видам во целото твое совршенство, но сакам да го знаеш ова: Без оглед на тоа дали се тоа денови посјајни од сонцето или ноќи кога твоето тело ми се руши во прегратка распарчено на милион парчиња, ти си најубавата работа која некогаш ја имам видено.

Ќе те сакам кога ќе бидеш мирен ден.
Ќе те сакам кога ќе бидеш ураган.

Секогаш ќе те сакам!