Нашата Лина Пејовска успеа да го расплаче жирито на Пинкови Звездички

Нашата Лина Пејовска успеа да го расплаче Сале од „Тропико бенд“ во последната епизода на популарното детско музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.

Лина ја отпеа „When we were young“ од Адел и го воодушеви жирито, кое имаше само комплименти за оваа талентирана скопјанка. Лина ги доби сите пет столчиња, а Сале Тропико и призна дека е слаб на оваа песна.

– Мене ова ми е омилена песна од Адел. Значи, умирам, плачам, не можам ни очилата да ги тргнам. Прекрасно отпеа иако не беше баш точна. Се беше совршено, ти благодарам многу што ја отпеа оваа песна – рече Сале.