Населбата Усје во Кисела Вода ќе добие нови улици

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција најави дека ќе се реализира проект за нови улици во населба Усје во општината Кисела Вода. 

- Град Скопје по успешната реализација на  проектот за изградба на повеќе од 20-тина улици во општината Ѓорче Петров кои на барање на граѓаните за прв пат се асфалтираат, продолжува со проект за граѓаните на населеното место Усје во Кисела Вода. Со цел да нема  заборавени населби, односно на сите граѓани да им обезбедиме соодветни услови за живот, активно работиме да овозможиме рамномерен развој и во урбаниот и во  руралниот дел на Скопје, истакна Арсовска на денешната  прес-конференција.

Градот Скопје со донесувањето на одлука за меѓуопштинска соработка со Општината Кисела Вода заради остварување на интересот на граѓаните, а согласно со нивното барање, ќе реализира проект за нови улици во населеното место Усје. Овој проект, кој е оценет како еден од заедничките приоритети, ќе се реализира по налог на Град Скопје, од страна на Јавното претпријатие Улици и патишта, а има за цел да овозможи подобри услови за живот за граѓаните, велат надлежните.