Населба за живеење или урбанистички терор над граѓаните?

Многу скопски населби кои беа познати по строгите урбанистички планови и концепти веќе одамна не се тоа што некогаш биле. 

Жителите на Скопје се соочуваат со вистински урбанистички терор, згради со неправилна површина на плацот, искривени соби, столбови на средина на собата, чудни агли меѓу два објекта и многу други „појави“ кои не сме можеле ниту да ги замислиме како архитектонски и градежен концепт, а не пак реализација. 

На фејсбук-страницата „Урбанистички терор“ постојано се објавуваат вакви „бисери“. Јасна е потребата од раст на самиот град, но ваквиот концепт целосно ја руши идејата за приватност и удобност во сопствениот дом.