Населба Илинден доби нова пешачка патека

Населба Илинден доби нова пешачка патека. 

Патеката е во должина од околу 400 метри и се протега од влезот на новото основно училиште во Илинден по улицата ,,2”, се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски на својата Фејсбук страница, истакна дека новата патека ќе придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите.

-Апелирам на зголемена внимателност до сите учесници во сообраќајот, а посебен апел до возачите за зголемена внимателност при движењето особено во реоните во кои има училишта или градинки. - напиша Георгиевски.