Нас, снегот не може да нѐ изненади: Орце се пофали дека градот е подготвен за снежните врнежи

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа на социјалните мрежи се пофали дека снегот не може да го изненади додавајќи дека градот е подготвен за снежните врнежи.

„Нас, снегот не може да нѐ изненади.Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници.Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите.Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот.Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови, објави тој.