
Четири лица биле инволвирани во физичка пресметка по претходна вербална расправија на подрачјето на Шуто Оризари.
Според информациите од МВР, на 21 јули 2026 година во 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С. (56) и А.С. (56), од една страна, и С.С. (45) и Е.С. (41), од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против инволвираните лица.