Народот седна на претседателското столче во собрание

Откако пред помалку од еден час граѓаните на Република Македонија влегоа во Собранието на Република Македонија и целосно го завземаа во моментов тие седнаа и на претседателското столче во Собранието.

Фото:Телеграф

Толпата од граѓани се повеќе расте, а од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ги повикуваат сите граѓани да се упатат кон Собранието за да ја дадат својата масовна поддршка.

Гневот на народот еруптираше откако СДСМ и албанските партии во направија државен удар поставувајќи измислен претседател на Собранието, пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен претседател на Собранието, Талат Џафери.