„Народот не го дава Гоце“ - герила акција на младите од опозицијата

Герила акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во која порачуваат дека власта го предаде Делчев, народот не го дава.

Акцијата доаѓа во пресрет на  утрешното одбележување на 4 февруари - роденденот на Гоце Делчев каде се најавени делегации од Бугарија кои треба да се поклонат на гробот на народниот херој.

За ВМРО-ДПМНЕ оваа акција е реакција на предаствата на власта и дозволувањето на бугаризација на историјата и националниот идентитет.