Народен рецепт кој го лекува воспалението на грлото за само четири часа

Станува збор за стар народен лек кој многу успешно помага кај полесните воспаленија на грлото и крајниците – воспалението се смирува за само четири часа.

Се` што ви е потребно за овој народен лек е – ким.

Рецепт

Прелијте 80 грама мелено семе од ким со 200 милилитри вода и гответе го на тивок оган 15 минути. Треба да добиете густа, растеглива смеса која наликува на сос од кафе.

» Процедете го тоа, па додадете 50 милилитри вода.

» Гответе додека не зоврие, па тргнете го од огнот.

» Во смесата додадете една лажичка коњак или вињак.

» Конзумирајте го лекот на секој половина час по една лажичка и така четири часа по ред.