Наредните денови ќе започне поврат на ДДВ и преку Ајфон

Управата за јавни приходи денеска објави дека повратот на ДДВ преку Ајфон ќе биде овозможен наредните денови, по реакцијата на дел од јавноста која не може да ги скенира фискалните сметки со апликацијата Apple store, дознава Фактор

Како причина се наведува објаснувањето дека се работи за мултинационален телефон. 

- Се работи за посложена мрежа и затоа ќе доцни спроведувањето на апликацијата. Наскоро очекуваме и корисниците на Ајфон да имаат пристап до својата апликација. Службите во сите дирекции се на располагање на граѓаните, а секој на кого му е потребна помош може да се јави кај нас, рече денеска Сања Лукаревска, директорката на управата.