Нарачуваш едно, добиваш друго: Нарачал преку Интернет навлаки за заби, сакал холивудска насмевка, а еве што добил на крај

Македонците се почето нарачуваат работи преку Интернет. Можеби динамичниот и брзиот живот на денешницата не дозволува одење од продавница на продавница, па понекогаш е полесно да седнеш пред лап топ и да си нарачаш она што го посакуваш преку интернет.

-Минатата недела нарачав патики. Јас носам број 37. Нарачв црвени патики со бели врзанти. После два месеци чекање, пратката конечно стигна. Добив бели патики со црвени врзанти, кои не можам да ги ставам ниту на половина нога. Тоа е тоа. Среќа не ги платив скапо, па се помирив, вели Вале.

-Јас редовно нарачувам од Интернет работи. Најчесто градероба. Досега немам лошо искуство, освен неколку марами од алиекспрес, кои на сликата и во описот имаа една големина и должина, а кога стигнаа беа големи како шамивче за нос, вели Тамара.

На социјалните мрежи постојано кружат слики од тоа, што нарачале, а што добиле. Некои одат до степен за да нарачаат дури и заби...

Сакал на најбрз начин да има бели заби и холивудска насмевка, но во неговиот случајот  с испоставило дека тој брз начин бил огромна грешка.

Имено тој од интернет порачал навлаки за заби за кои платил некаде околу 50 евра кои на реклама изгледале совршено, па поради големата желба за совршена насмевка, веднаш ги порачал.

Во описот за навлаките пишувало дека се универзални и дека одговараат на секоја вилица. Еуфоријата не траела долго, штом ги добил навлаките се разочарл, па искуството го споделил на Интернет.

Еве како изгледале: