Напредува изградбата на затворениот базен во училиште во Ѓорче Петров

Во склоп на училиштето Димитар Поп-Георгиев Беровски се гради затворен базен, наменет за рекреација на децата од оваа општина.

„Наскоро младите ќе имаат простор за рекреација и спортување, како и практикување на еден од најздравите спортови – пливањето. Ќе ги поттикне младите на стекнување здрави навики, кои ќе придонесат за нивен правилен раст и развој“, наведува градоначалникот Александар Наумоски.