Напредува изградбата на ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода

По само два месеци од поставувањето на камен-темелникот, изведени се безмалку 40% од крупните градежни активности на новиот објект на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската населба Кисела Вода. Реализацијата на градежните работи се одвива со одлично темпо. 

Новиот образовен објект ќе има површина од 2.200 метри квадратни, во чии рамки е предвидено да има 15 училници и пет кабинети за одвивање на наставата. Зградата се гради на местото на некогашните бараки на ова скопско училиште. Од буџетот на Министерството за образование и наука за овој објектсе обезбедени средства во висина од 75 милиони денари. Градежните работи започнаа на 1 септември годинава. За изведувач е избрана фирмата „Изградба-комерц“ од Скопје.