Кадаифот е многу интересен и вкусен десерт, кој никако нема да ве остави рамнодушни. Или ќе си речете – ова нема врска од благо, дајте нешто конкретно или ќе замолите дома почесто да ви го подготвуваат, а не само за празници. Се прави лесно и брзо, а марифетот е да ја погодите врелината на шербетот кога се истура врз кадаифот.
Состојки:
400 грама кадаиф
800 грама шеќер
1 л и 200 мл вода
1 пакетче ванилин шеќер
80 мл зејтин
150 грама сечкани бадеми или ореви
80 грама суво грозје
1 лимон
1 портокал
Подготовка:
Кадаифот го редиме во плекче.Потоа го попрскуваме со зејтинот. Го печеме околу 1 1/2 час до 2 часа во загреана рерна на 150 степени. Бадемите ги сечкаме ситно, лимонот и портокалот ги сечкаме на тенки кругчиња. Во тенџере ја ставаме потребната количина вода со шеќерот и ванилата. Ги додаваме и лимонот и портокалот. Шербетот го вариме 20 минути на тивок оган се додека не добие жолта боја и да се згусти. Откако ќе ни се испече кадаифот го оставаме да се олади. Одозгора ги редиме насекаде подеднакво бадемите и грозјето, потоа и лимонот и портокалот.
Исто така и шербетот треба да се излади или да биде млак. Така треба бидејки ако го полиете со топол шербет ќе се залепат конците. Кој е по десерти со шербет се надевам дека ке му се допадне.
Уживајте засладувајки се.