Направете пролетен еликсир кој топи килограми

На пазарите веќе се појавија јаготките, а вие би требалo да ги искористите сите делотворни дејства на ова вкусно, здраво, освежително овошје кое се покажа како многу ефикасно во борбата против килограмите.

Познато e дека консумирањето на течности е исклучително важно за здравјето и виталноста на вашиот организам. Сите советуваат консумирање на вода, а доколку и додадете и јагоди, ќе добиете феноменален напиток кој ги пржи килограмите.

Овој магичен напиток ќе ве овежи и ќе ви даде целодневен ефект на ситост, покрај тоа, водата делува и како природен еликсир и помага против стареењето, а јагодите се природен антиоксидант. Овој напиток е богат со витаминот Ц, железо и фолна киселина.

Еве како да направите еликсир за младост и виталност:

Додадете една шоља свежи јагоди во половина литар вода и оставете ја така да отстои неколку часа во фрижидер. По желба пред послужувањето можете да додадете и неколку коцки мраз и неколку листови свежо нане.