Направени 617 контроли од страна на АХВ, уништени 1740 килограми небезбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираше дека се направени 617 вондредни контроли врз операторите за храна пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале  санитарни книшки со истечен рок на важност, информираа од АХВ:

Оттаму истакнуваат дека пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи. 

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност. 

Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна.