Наплатата на паркингот ги избрка автомобилите од Водно – нема повеќе гужви и половина улица блокирана од возила

Гужви, турканици за место, половина улица блокирана од паркирани возила. Ова дефенитвно повеќе не е сликата од Водно за време на викенд кога се создаваше најголем метеж на планината.

Забраната за возила на Водно очигледно не даде резултат, но затоа пак откако почна да се наплатува паркингот фотографиите направени викендов покажуваат дека мерката има ефекти.

Сто денари за еден час паркинг на Средно Водно дефинитивно ги избрка граѓаните кои со автомобил одеа на планината. Викендов освен на паркинзите едвај да имаше нешто повеќе од десетина возила. Имаше туристи дојдени со автобуси, велосипедисти, планинари и родители кои што дошле со автомобил за да ги изнесат децата на чист воздух.

Без вообичаените гужви, за викендов на Водно имаше онолку посетители како во работен ден. Наплатата на паркингот започна од пред едн месец. На Водно се воведе А0 зонско паркирање, кое е најскапо, и освен Водно засега е воведено и на дел од улицата “Максим Горки” во Центар.