Наплаќач на сметки на ЈП „Комуналец“ - Свети Николе си присвоил над 80.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистичка полиција Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.Д.(62) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во периодот од декември 2022 година до декември 2025 година, пријавениот, како вработен во ЈП „Комуналец“- Свети Николе на работно место одржувач на вода, а согласно усна наредба распореден како инкасатор во Градскиот пазар за наплата на сметки за вода и погребални услуги, противправно присвоил пари од граѓаните, наплатени по основ на сметки за погребални услуги.

Вкупниот износ на противправно присвоените средства изнесувал 82.180 денари.