
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска напладне со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците од општина Центар.
Како што информираат од таму, поради дефект на затварач (огрлица) од ф-80 мм на улицата Бел Камен бб (кај маркетот), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улица Бел Камен.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот до завршување со санирање на дефектот.