Во пролетта природата навлегува во фаза на будење, како и нашето тело. Сепак, заморот, психичката и физичката омалаксаност се многу чести појави во овој период. Еве како да го зајакнете имунитетот…

Состојки:

– Сок од јаболки (како база-домашен свежо цеден)

– 2 лажици чиа семки (потопете ги во сокот од јаболки оставете ги 10 минути да отстојат, но не го фрлајте сокот)

– Сируп од ѓумбир (наместо него можете да користите свеж ѓумбир и мед)

– Сок од 1 лимета

– 1 јаболко

– Кафеав шеќер (органски)

– неколку листови нане

Подготовка:

Сите состојки, освен чиа семето, ставете ги во блендерот и добро мешајте за смесата да стане хомогена, на крајот додадете го и чиа семето и малку промешајте, внимавајте да не му ја уништите структурата.

Овој напиток е пожелно да го консумирате наутро на празен стомак.