Напиток со кој ќе заборавите на менструалните болки

Решението за овој проблем можете да го најдете во овие природни состојки и да заборавите на болките.

Најголемата женска болка е менструацијата. Но, и покрај таблетите кои повеќето жени ги пијат за ублажување на менструалните болки, постои и природен начин на кој можете да се ослободите од маката која ја доживувате секој месец. Сè што ви е потребно се овие три видови на чај.

Состојки:

  • 100 грама надземен дел од ајдучка трева
  • 100 грама исушени цветови од невен
  • 50 грама исушени листови од коприви

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки. Потоа, две супени лажици од мешавината прелијте ги со половина литар зовриена вода и оставете во покриен сад да отстои пет минути.

Примена:
Чајот се пие полека, во мали голтки. Најдобро е да испиете барем еден литар дневно. Не се препорачува за време на менструација. Треба да го пиете два месеци, па да направите пауза од две недели.