Напиток од лимон, мед и ѓумбир: За силен имунитет и борба со вирусите

Рецепт за напивка што ќе ви помогне да се изборите со настинките и вирусите.

Состојки за три сервирања:

  • парче свеж ѓумбир (околу 3 сантиметри)

  • 600 мл вода

  • половина лимон

  • 1 лажица мед

Приготвување:

Ситно изрендајте ѓумбир, прелејте го со вода, па додајте лимон и мед. Добро измешајте, а потоа исцедете.