Напиток кој брзо ја отстранува несоницата

Напитокот “златно млеко” или уште наречено “месечно млеко” стана хит на социјалните мрежи, и е претставен како вистински природен лек. Топлото млеко во комбинација со лековити билки и разновидни зачини се покажа како одличен лек за сите луѓе кои имаат проблеми со несоница. Го откривме потеклото на овој напиток и колку е навистина ефикасно.

Потекло

Овој пијалок своите корени ги добил од Ајурведовата медицина – традиционален индиски холистички систем на лекување. Токму овој пијалок содржи некои состојки кои први почнаа да се применуваат во медицината, како што се куркума и ашваганда, познати како индиски шен-шен, кои имаат исклучителни својства.

Дали златното млеко дава подобар сон?

Топлото млеко само по себе не прави да се чувствуваме понаспано. Млекото во мали количини содржи амино киселински триптофан, кој го активира спиењето. Затоа, низ многу култури, една чаша топло млеко претставува еден вид на ритуал пред спиење.

Златното млеко мора да содржи силни природни антиоксиданти, како цимет и ѓумбир. Некои луѓе, исто така, додаваат сецкани ф’стаци и бадеми на пијалокот. Овие плодови се богати со калциум и калиум елементи, кои се исто така важни за квалитетен сон.

Ритуалот за пиење на овој здрав пијалок е нешто што ние го препорачуваме по вечерата, или пред да заспиеме. Сепак, не очекувајте тој да биде од голема помош, доколку имате потешки проблеми со несоница.