Полицискиот билтен бележи три напади на малолетници на територијата на Скопје. Двајца од нив биле ограбени со закана со нож.
Првиот настан е забележен во 10.50 часот во СВР Скопје. 53-годишниот С.Ш. пријавил дека во двор од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од едно лице.
Вториот настан е во 18.25 часот каде М.К.(49) од Скопје во полициска станица пријавила дека околу 15.30 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана со остар предмет од нејзиниот 14-годишен син одзело пари и накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
И третиот настан е пријавен во 14.30 часот во СВР Скопје, каде 45-годишниот А.К од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од неговиот малолетен син.
Во сите три случаи од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.