Комунални редари биле физички нападнати во Скопје. Во истиот случај оштетено е и возило на Град Скопје.
- На 26.09.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.20 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, И.С.(49) од Волково, скопско, М.П.(52) од Скопје и Г.М.(56) од Скопје, тројцата комунални редари во Град Скопје, биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле метални предмети, при што оштетиле и едно возило на Град Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.