Нападната полицајка во Скопје

Нападната полицајка додека си ја вршела работата. Имено, вчера во 13:35 часот на улицата ‘’Бранислав Нушиќ’’ во Скопје 45-годишниот Ф.П. агресивно се однесувал и ја навредувал полицајката која си ги вршела службените дејствија.

Од полицијата соопштуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава кон лицето Ф.П. по член 4 и член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.