Нападнат возач на ЈСП

Возач на ЈСП бил нападнат од скопјанец, откако со автоусот му го искршил ретровизорот на возилото.

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 56-годишниот В.С. од село Сопиште,скопско,вработен како возач на автобус во ЈСП, пријавил дека на 11.08.2019  година околу 18:10 часот, додека се движел со автобус на ЈСП на релацијата Центар - село Долна Матка, во село Глумово скршил ретровизор од паркирано патничко моторно возило ,,Голф’’. Потоа В.С. продолжил кон село Долна Матка и на враќање од село Долна Матка кон Центар, кога стигнал кај возилото таму бил сопственикот, 37-годишниот Б.С. од село Глумово,скопско. В.С., според пријавеното, застанал за да му каже дека тој го скршил ретровизорот, но Б.С. физички го нападнал. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.