Нападнат таксист во Скопје: Му рекле вози кон Чаир и му ставиле нож под грло

Во 04 часот утрово било пријавено дека во Скопје на улицата „Филип Втори Македонски“,  поточно на такси станица две непознати лица извршиле разбојништво над 30-годишнио Р.Р. возач на такси возило.

Имено, додека таксистот возел, бил запрен од две непознати лица, кои седнале на задното седиште и му рекле да вози во правец на населбата Чаир. По поминати 50-ина метри, едно од лицата извадило нож и му го ставил под грлото на возачот и му побарало пари.

По ова Р.Р. им дал 3.200 денари, а едно од лицата го удрило со рака во пределот на лицето. Кога стигнале на улицата „Дижонска“, застанале на раскрсницата со улицата „Божин Стојков“, каде што таксистот уште неколку пати бил удрен по лицето со тупаници од страна на двете лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.