Нападнат полицаец за време на полициски час, напаѓачот уапсен

На 23.05.2020 во 20.45 часот на пункт „Стенковец“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(27) од Скопје бидејќи физички нападнал полициски службеници при вршење на службени дејствија.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.