Нападнат полицаец во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во населба Ќерамидница

Физички нападнат полициски службеник во просториите на ЈП „Комунална хигиена“, во населба Ќерамидница, од страна на две лица. 

Инцидентот се случил вчера (06.12.2022), а со двете лица бил извршен службен разговор во Полициската станица Гази Баба, информираат од МВР.

-На 06.12.2022 во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје, затоа што претходно во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во нас.Ќерамидница му се заканувале и го навредувале полицискиот службеник М.С., по што И.И. физички го нападнал - ги соопшти деталите МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.