Нападнат малолетник во Ѓорче: Му го одзеле мобилниот и велосипедот

Вчера во 16.03 часот во СВР Скопје, С.П. пријавила дека во близина на стадионот „Ѓорче Петров“ неколку лица го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле мобилен телефон и велосипед.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.