Нападнат човек, поради тешки повреди пренесен во болница

Човек бил нападнат и тешко повреден во близина на маркет, а неофицијално, се работи за обид за грабеж.

На 03.01.2022 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред маркет на ул.„Васил Чакаларов“, А.Ф.(53) од Скопје бил физички нападнат со тврд предмет од две лица.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.